Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија

OSCE Spillover Monitor Mission to Skopje

 

Меѓународна конференција „е-Општество.Мк“

[English]

  

Втората меѓународна конференција „е-Општество.Мк“ ќе се одржи во Скопје, Македонија
на 15, 16 и 17 ноември, 2006 г.

Оваа година фокус на конференцијата е регионалниот пристап кон креирање на применети политики за ИКТ. На конференцијата експерти, носители на одлуки, претставници на групи за застапување и други заинтересирани страни од Македонија, Југоисточна Европа и ЕУ ќе споделат знаења и искуства низ низа панел-дискусии и работилници.

На конференцијата ќе бидат покриени следните теми

  • Примери на најдобри пракси при градење институционална рамка
  • Е-влада и граѓанско учество
  • Слободен пристап до информации и приватност на личните податоци
  • Законодавство за е-трговија, компјутерски криминал и сигурност
  • Влијание на новите медиуми на применетата политика: премин на дигитално емитување
  • Изградба на синергија: надминување на јазот еЕУ-еЈИЕ
  • Евалуација на ИТ-проекти од родова перспектива
  • Интернет-новинарство
  • Блогирање и други нови медиуми
  • Слобода на изразување на интернет и анонимност
  • Е-пристапност: вклучување на луѓето со посебни потреби во информатичкото општество
  • Слободен софтвер

 

 

Работен јазик: англиски (со симултан превод на македонски за пленарните сесии)

Локација на конференцијата: хотел „Холидеј ин“.

Регистрација и резервација: info@metamorphosis.org.mk.

Следете го линкот за повеќе информации за е-Општество.Мк во 2005 година.

Конференцијата е поддржана од


Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Програмата за информации на Институтот отворено општество

 

     

Авторски права © 2005, Фондација Метаморфозис. Напомена за приватност.