Фондацијата Метаморфозис, со поддршка на Набљудувачката
Mисија на ОБСЕ во Скопје, ја организира конференцијата „е-Општество.Мк“, со цел
пренесување знаења за низа тековни теми од областа на информатичкото општество.
Конференцијата се одржа на 20 октомври 2005 г. во хотел „Холидеј ин“ во Скопје.
Темите кои опфатени со конференцијата се:
- слобода на медиумите на
интернет
- е-бизнис
- компјутерски криминал
|
- авторски права и приватност
- е-влада
- е-образование
|
Во продолжение на конференцијата, а со цел да се зголеми
граѓанското учество, ќе бидат одржани јавни трибини во Охрид, Скопје,
Битола и Тетово. За претставниците на граѓанските
организации од другите градови кои се заинтересирани за учество во трибините ќе
бидат покриени патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.
Заинтересираните за учество на конференцијата и на трибините
може да добијат повеќе информации преку е-пошта, на адресата
info@metamorphosis.org.mk.